Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Крушево одбележан роденденот на Тоше, до јуни ќе биде готово спомен-обележјето на Гумење
Градови

Во Крушево одбележан роденденот на Тоше, до јуни ќе биде готово спомен-обележјето на Гумење

јануари 25, 2020Updated:јануари 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Достоинствено, со повеќе настани, со почит пред гробното место на Гумење, со роденденска торта и многу емоции, Крушево и фановите од земјава и странство денеска го одбележаа 25 јануари, роденденот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда и хуманистот Тоше Проески.

Тортата од семејството на Тоше и онаа од фановите од Бугарија од изутрината им се делеа на посетителите на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Арена Сидоркина, Москва, Русија вторпат доаѓа во Крушево само за Тоше, за неговата музика, ангелскиот глас и за чувствата што тој ги предизвикува и 12 години по неговата смрт.

„ Многу го сакам Тоше, неговите песни, хуманитарните работи. Вторпат доаѓам во Крушево поради него. Дознав за него при посета на манастир во Црна Гора кога ги слушав попат песните на Тоше, вели Сидоркина. Наташа Кондрашова од Русија, сега „крушевска снаа“ смета дека Тоше пред се, беше голем човек.

„Прво го чувствувам како човек, голем хуманист, со големо срце, а и голем музичар. Ова се моменти на огромни чувства, вели Кондрашова.

Оксана Данаилова од Благоевград, Бугарија вели дека не пропушта да дојде на 25 јануари во Крушево за Тоше.

„За 25 јануари сум тука, во Крушево веќе петта година. И секогаш носиме торта за роденденот на Тоше. Традиционално, од фановите од Бугарија, една ја прави тортата. Годинава не можеше да дојде од Ќустендил. Тогаш, јас од Благоевград ја зедов тортата и дојдовме тука. И секогаш носиме торта за роденденот на Тоше. Македонија денес треба да има празник оти Тоше се родил и преку својата музика шири љубов не само на Балканот, затоа има фанови од Русија, од Бугарија, од другите земји. Денес ја слушнав мислата за Гоце Делчев кој го разбирал светот како културен натпревар. Тоа беше и идејата на Тоше за културно обединување и натпревар, вели Данаилова од Бугарија.

Крушевчанецот Јане Андрески, поранешен градоначалник на Крушево и добар познавач и близок на Тоше истакнува дека тој имаше посебна дарба да ги зближува и да ги сплотува луѓето.

„Тоше беше посветен на тоа што го работеше, на неговата поврзаност со Бога и со религиозните чувства. Но, мислам дека имаше посебна дарба – да ги поврзува луѓето. Тоа се случи на неговите концерти во Босна, во Сараево кога ги зближи луѓето кои претходно се гледаа преку нишанот, изјави Андрески.

Спомен куќата на Гумење беше средиште на сеќавање и повеќе настани: цртежи и лични творби за Тоше, уникатни изработки, преработки на неговите песни, традиционална крводарителска акција. Има и нов експонат, вели директорката на спомен-куќата Елена Мирчевска.

„Имаме многу настани и го одбележуваме овој ден достоинствено.

Посветени се учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски-Борче“ и од основното „Никола Карев“. Посебно е тоа што, според програмата од Министерството за култура, првпат ја изложивме облеката што Тоше ја носеше кога ја претставуваше Македонија на Евросонг 2004 година. Тоа е реплика. Инаку имаме околу 700 експонати и традиционално за роденденот на Тоше, ги обновуваме. А посетителите за овие осум години се преку 650.000 од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските земји, а чести се посетителите од Русија, од Холандија, Чешка, Нов зеланд, Австралија, вели Мирчевска.

Конечно, по 12 години откако Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, се гради споменобележјето на неговото вечно почивалиште на Гумење. Од Владата се обезбедени 10 милиона денари, обележјето е симболично и треба да биде готово до јуни, нагласува претседателот на крушевскиот Совет Тома Петроски.

„Обележјето е симболично. Во основата е во форма на крст како симбол на Тошевата религиозна припадност и вербата во Бога, всушност ова е и гробно место. Инаку, однадвор впечатокот за обележјето е како две раце склопени во молитва. Споеред приликите, треба да биде готово до јуни, а може и порано, објаснува Петроски.

 

ИЗВОР: МИА

„Тоше Проески“ актуелно гумење роденден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.