Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Македонија има 955 ковид-случаи, 560 од нив се во Тетово и Скопје
Локално

Во Македонија има 955 ковид-случаи, 560 од нив се во Тетово и Скопје

август 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од вчера во Македонија се активни 955 случаи на нови позитивни на Ковид-19. Пред еден месец беа 130 активни (Скопје со 54 и Тетово со 14), а од 955-те во вчерашната статистика, 285 се само во Тетово и 275 во главниот град.

Од шест регистрирани на 5 јули, статистиката за 5 август бележи 219 нови случаи.

Тетово и Скопје вчера имаа ист број новозаразени, по 65, а двоцифрени нови случаи имаа и Куманово (20) и Гостивар (19).

Триесет пациенти се оздравени, а починале четворица – од 61 до 76 години.

По Скопје и Тетово, висок број активни случаи имаат и Куманово (90), Гостивар (84),
Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23).

Десет градови немаат активни на Ковид-19.

Епидемиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само еден месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

„На 6 јули имаше шест случаи на домашно лекување, а сега има околу 220 во градот Тетово. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи. Генерално, новите случаи не се вакцинирани. Од овие 220, само десетина имаат примено вакцина“, изјави д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Зголемениот број се должи на непочитување на мерките и протоколите, а инфицираните се од семејни прослави и потоа од ширење на контактите. Многу од заразените се дојдени од западните земји, појасни епидемиологот Субашиќ, кои по престојот во државава се тестираат за да може да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и често се инфицирани, но без симптоми.

Во Тетово има и најмногу хоспитализирани болни од Ковид-19. Од вкупно 105 во целата држава, во тетовската клиничка болница лежат 32 пациенти – шест повеќе од претходниот ден.

На Инфективната клника во Скопје има 20, исто толку во гостиварската болница и десет во Општата болница во Куманово. Во болницата во Струмица има седум пациенти, шест во Прилеп, по четворица се хоспитализирани во Битола и Штип и по еден во болниците во Велес и Струга.

Надлежните апелираат за помасовен одѕив за вакцинирање како единствен начин да се надмине епидемијата во која од почетокот т.е. од минатиот февруари до сега бројот на ковид-дијагностицирани достигна 156 926, а починаа 5501 луѓе.

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со средата вакцина примиле 519.106 граѓани, а со две дози се имунизирани 409.186.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно вакцина епидемија ковид мерки протоколи скопје тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.