Странски воени аташеи кои се превезуваа со мјанмарски воен хеликоптер избегнаа сериозни повреди откако леталото денеска се урна во источниот дел на Мјанмар.
Хеликоптерот летал кон комерцијалната престолнина Јангон кога се урнал набрзо по полетувањето. Повредени се двајцата пилоти, изјави портпаролот на тајландската армија.
– Странски аташеи од неколку држави, меѓу кои и од САД, се превезуваа со хеликоптерот, изјави неименуван западен дипломат.
Тој додаде дека во несреќата „никој не е сериозно повреден“.







