Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Новата година со 19 379 активни случаи на Ковид-19, апел да се почитуваат мерките
Во Фокусот

Во Новата година со 19 379 активни случаи на Ковид-19, апел да се почитуваат мерките

јануари 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државава влезе во Новата година со 19 379 активни случаи со Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 536 од направени 1662 тестирања, 15 починати, 741 оздравен пациент. На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава,
заклучно со вчера, се лекуваат 871 пациент суспектен или позитивен на коронавирусот. Во ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети.

Ковид статистиката на ресорното Министерство покажува дека најмногу активни случаи има во Скопје 11.333, по што следат Тетово со 847, Струмица со 604, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово со по околу 500…додека Кратово е со најмалку активни случаи–17.

Здравствените власти во пресрет на празниците апелираа на почитување
на мерките и протоколите. Истакнуваат дека со вакцината која влева
надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај
на пандемијата. Иако епидемијата стивнува, истакнуваат дека нема
простор за опуштање.

„Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата. Но, сé уште е рано да го спуштиме гардот. И натаму мораме да останеме претпазливи и да продолжиме да ги почитуваме мерките. Веројатно ќе помине уште некое време додека да им се вратиме на животите онакви какви што беа пред Ковид-19“, порача вчера во новогодишно обраќање министерот за здравство Венко Филипче.

Тој им се заблагодари на медицинските работници за ангажманот во борбата со Ковид-19 и повторно упати апел празниците да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Првите дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ во државава треба да пристигнат во февруари, откако завчера здравствените властим постигнаа директен договор со компанијата. Количината ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер,
според најавите, ќе пристигнат во март и април.

Од Министерството за здравство информираа дека продолжуваат со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Во текот на месецов се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем треба да биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 83 329, на оздравени пациенти 61 447, а на починати 2 503.

актуелно Ковид-19 мерки нова година
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.