Центарот за управување со кризи информира дека на патниот правец Скопје-Велес, кај месноста Кула, има застој на сообраќајот поради наврнатите големи количини снег, а и поради намалената видливост.
Од Центарот апелираат доколку граѓаните имаат можност да се воздржат од патување по овој патен правец во наредните час или два.
Патроли на сообраќајната полиција се на терен на патниот правец Скопје-Велес, заради регулирање на сообраќајот.
Нормализиран е сообраќајот на патот Кавадарци-Неготино и Охрид-Ресен кој беше во прекин поради превртени тешки моторни возила.
Забрана за движење на камиони поради врнежи од снег има на патот Битола-Ресен преку преминот Ѓавато и на патот oд Ресен за Охрид преку Буково.
На патниот правец Струмица-Валандово поради излизгано тешко моторно возило сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.






