Невремето кое претходната ноќ донесе заладување во регионот најдрастично се одрази на Словенија, каде вчера падна снег.
Словенечките метеоролози од Агенцијата за заштита на животната средина објавија снимка од камера на планинскиот врв Кредарица.
„Заладувањето ни донесе не само бројни бури со кои се справувавме изминативе денови, туку и неколку снегулки на планините. Камерата на Кредарица сними краткотрајни пообилни снежни врнежи, а на таа метеоролошка станица нешто по 15 часот е измерен само еден степен“, соопшти Агенцијата.







