Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВО ЦРНА ГОРА „ПАДНА“ ПОЛСКИ БАНКАР: Белосветски измамник уапсен во Подгорица
Во Фокусот

ВО ЦРНА ГОРА „ПАДНА“ ПОЛСКИ БАНКАР: Белосветски измамник уапсен во Подгорица

август 20, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Mеѓународно барано лице кое се сомничи за повеќемилионски измами, државјанин на Република Полска, Р.К.З., е уапсено во Подгорица, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

После повеќемесечни активности за пребарување, службеници од Секторот за борба против криминалот, односно тимот ФАСТ за целни меѓународни потерници на Интерпол, го лишиле од слобода Р.К.З., едно од најбараните лица за кои е распишана меѓународна потерница од Полска и Јужна Кореја, се наведува во соопштението.

Р.К.З. е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал, и тоа тежок облик на измама во поголем обем, за перење пари, кражба и кршење на законите, за кои во Јужна Кореја е пропишана казна – доживотен затвор.

Станува збор, како што се наведува, за еден од основачите и сопствениците на фондот „Фјучр нет“, во чија дејност е трговија со дигитални и криптовалути, а осомничен е дека со својот партнер, С.М., оштетил поголем број лица во Полска и Јужна Кореја, причинувајќи штета од вкупен износ од околу 21 милион американски долари.

Неговиот партнер С.М. е лишен од слобода во Грција, а потоа во Албанија, додека Р.К.З. во 2022 година, беше уапсен во Италија, од каде што избега од домашен притвор.

Со континуирана работа на утврдување на точната локација на лицето на црногорското крајбрежје, но и во Подгорица, службениците на НЦБ Интерпол – Подгорица во саботата го лоцирале и го лишиле од слобода во Мастер квартот, каде се криел под лажен идентитет.

Откако по комуникација со странските партнери беше потврден неговиот идентитет, извршен е претрес на локацијата каде што престојувал, а техничките уреди и предмети за кои постои сомнение дека произлегуваат од кривично дело, времено се одземени до завршување на постапката за екстрадиција.

Р.К.З. ќе биде изведен пред истражен судија во Вишиот суд во Подгорица заради одредување екстрадиционен притвор.

актуелно Кореја Подгорица црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.