Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во јуни почнуваме преговори за влез во ЕУ
Некатегоризирано

Во јуни почнуваме преговори за влез во ЕУ

март 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата.

Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“.

По година и половина одлагања и услови, Европската Унија вчера оцени дека Северна Македонија целосно ја докажала својата способност да го започне долгоочекуваниот процес на преговори, кој треба да доведе до полноправно членство во ЕУ.

Министрите вчера ја усвоија и ревидираната преговарачка методологија, предложена во февруари годинава од страна на Европската Комисија, методологија која би требало да го направи процесот пополитички и да им даде поголема контрола врз процесот на земјите членки на ЕУ.

Ова беше еден од клучните предуслови за Франција да прифати отворање на преговорите со било која земја кандидат.

Земјите членки вчера изразија задоволство и од новата методологија и од реформскиот напредок во Северна Македонија.

„Северна Македонија ја забрза работата од октомври, донесен е Преспанскиот договор, а билатералниот договор со Бугарија дава пример за целиот регион. Ова треба да го отвори патот на државата“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, нагласувајќи и дека земјата успеа да го донесе и законот за јавно обвинителство во услови на техничка влада.

Вархемј оцени и дека по октомврискиот неуспех да се отворат преговорите и стапувањето во функција на новиот состав на Европската Комисија „работите не изгледаа добро“ за отворањето преговори со двете земји. Тој ги пофали реформите во двете држави и додаде дека денешната одлука, со оглед на тешкиот политички контекст во Унијата поради коронавирусот, е доказ за посветеноста на Европа кон регионот.

Со ист став настапи и Хрватска, чија државна секретарка за европски прашања, Андреја Метелко Згомбиќ, рече дека одлуката е добра не само за двете земји, туку и за самата Унија.

„Добра вест е што ЕУ и во време на предизвици успеа да остане фокусирана на носење стратешки одлуки“, истакна Згомбиќ.

Преговорите со Северна Македонија и Албанија беа единствена точка на вчерашниот состанок на министрите.

По решението на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка, иста таква обврска имаат и земјите кандидати, секоја пооделно.

Откако таа рамка ќе биде финализирана, ќе им се достави на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција.

„Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни“, вели Вархеји.

Европската Комисија најверојатно има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.

Еврокомесарот на прес конференцијата вчера не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја „претрка“ Северна Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.

„Процесот се заснова на сопствени услуги“, повтори еврокомесарот.

Она што е извесно е дека крајниот збор и во овој процес е кај земјите членки, кои ја одобруваат преговарачката рамка.

А познато е веќе дека Холандија, меѓу другото, очекува исполнување на низа услови од страна на Албанија, што не е случај за Северна Македонија.

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок тоа го потврди во изјава за МИА, но и на Твитер налогот на холандската амбасада при ЕУ, каде напиша дека Северна Македонија направила видлив напредок и Холандија ја поддржува препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите.

 

(Извор: МИА)

актуелно албанија бугарија Грција Европа македонија преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.