Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер и температура до 19 степени.
Најниска темепратура утринава беше измерена во Берово, -5 степени Целзиусови. Во Скопје и Битола -4, -2 во Тетово, Прилеп, Струмица, Крива Паланка, Демир Капија и Лазарополе, и во Штип и Куманово -1.
Во Охрид, Претор, Дебар и на Попова Шапка беа измерени нула степени, 1 во Маврово, 2 во Гевгелија, Крушево и Виница и 8 степени во Дојран.
Најмногу снег има на Попова Шапка. Таму висината на снежната покривка изнесува 25 сантиметри.






