Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минус 2 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 0 до 15 степени.
Променливото облачно време со повремени сончеви периоди, според синоптичарите, ќе за здржи и утре.