Италијанскиот вулкан Етна на истокот на Сицилија повторно проработи, по трет пат во последните три недели, исфрлувајќи вжештена лава речиси 200 метри високо.
Ерупцијата избила од релативно новиот кратер на југозападната страна од 3.000 метри високиот врв.
Исфрлувањето на лава високо во небото можело да се види од градот Катанија и летувалиштето Таормино.
Иако облаците од вулканскиот чад можат да предизвикаат пореметување на авионскиот сообраќај, сепак не беше регистрирана каква било опасност за ближните населби во подножјето на планината и за авионите кои полетуваа и слетуваа од аеродромот во Катанија.













