Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскојн е обвинет за сексуален напад што го извршил во воз што сообраќал на релација од Јорк до Дурам, пренесува Дејли Мирор повикувајќи се на извори од британската полиција.
Инцидентот се случил на 20 август кога 51-годишниот Гаскојн е уапсен затоа што „вознемирувал и неприкладно допрел жена“ при патувањето во возот. Затоа следниот месец ќе мора да се појавина Суд за да го објасни случајот,
Гаскојн имаше многу проблеми со алкохолизмот и користењето на наркотици, а беше и на лекување од завосности.
Во текот на кариерата играше за Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс и Евертон, додека за репрезентацијата на Англија има постигнато 10 голови на 57 натпревари.







