Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ГИГАНТСКА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГАЗА: Центарот на воената власт на Хамас исчезна во пламен
СВЕТ

ГИГАНТСКА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГАЗА: Центарот на воената власт на Хамас исчезна во пламен

декември 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Израелската војска тврди дека разнела „подземен терористички град“, сместен под централниот плоштад во Газа, кој бил користен за планирање на масакрот на 7 октомври.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека откриле „терористичка инфраструктура“ под Плоштадот Палестина во центарот на градот со долги тунели, скривници и канцеларии на високи воени и политички лидери на Хамас.

Снимки направени од воздух кои ги објави ИДФ вчера доцна во ноќта покажуваат серија експлозии кои ја уништуваат подземната инфраструктура.

Израел во декември извести дека обезбедил контрола врз „елитниот кварт на Хамас“ во градот Газа од каде што дејствувале лидерите на Хамас.

Комплексот го опишаа како „средиште на моќта на военото и политичкото крило на Хамас“.

Тврдат дека 600 членови на Хамас се убиени во операцијата во квартот Римал.

„Плоштадот Палестина беше центар на военото владеење на Хамас и е опкружен со згради кои служеа како командни и контролни центри, со окна од терористички тунели и со стратешки згради кои и припаѓаат на организацијата“, се вели во соопштението на ИДФ.

Истакнуваат дека инфраструктурата на Хамас е вградена во прометната населба полна со продавници, станбени згради и училиште за глуви деца.

Мрежата активно ја користеле лидерите на Хамас, Јахја Синвар, Мохамед Деиф и други, а служела и за организирање и координација на крвавите напади на 7 октомври, тврдат од ИДФ.

И покрај неуспехот за договор со Хамас за ослободување на преостанатите заложници, се верува дека Израел ги продолжува своите напори за спасување на уште 129 израелски заложници што се држат во Појасот Газа.

Израел се уште не сака да понуди трајно примирје што го бара Хамас, но изрази подготвеност да понуди двонеделно примирје.

Во меѓувреме продолжија жестоките борби на територијата на Појасот Газа.

Најмалку 16 лица од поширокото семејство на министерот за здравство на Газа се убиени во воздушен напад врз неговиот дом во северниот град Џабалија, според палестинската новинска агенција Шехаб.

Министерот Мунир Ал Бурш е тешко повреден во нападот на куќата на неговата сестра. Исто така, на северната граница на Израел, по 17-часовна пауза, продолжи размената на прекугранични оган со Хезболах. Мноштво ракети беа истрелани од јужен Либан, каде што дејствува милитантна организација поддржана од Иран.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Аа/Абака – Прес/Профимедиа)

актуелно Газа Израел Палестина Хамас Хезболах
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.