Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ГИР БАРА ЕДИНСТВО И ПОСВЕТЕНОСТ: Членството во ЕУ ќе донесе практични придобивки
Македонија

ГИР БАРА ЕДИНСТВО И ПОСВЕТЕНОСТ: Членството во ЕУ ќе донесе практични придобивки

декември 12, 2023Updated:декември 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Членството во Европската унија ќе донесе практични и опипливи придобивки во сите области – енергетската отпорност, заштитата на животната средина, подобрувањето на квалитетот на воздухот, економската благосостојба и подобрувањето на животниот стандард“, потенцира вчера евроамбасадорот Дејвид Гир преку видео обраќање на осмиот завршен настан од кампањата „Ние сме Европа“ во Куманово.

Според Гир, енергијата е исто така клучна во борбата против климатските промени, а обновливите извори се централен елемент во Европскиот зелен договор. Како што рече, отпорноста на енергетскиот сектор станува се поважна со енергетската криза предизвикана од руската агресивна војна против Украина.

Тој додаде дека диверзификацијата на изворите на снабдување со енергија, преку намалување на зависноста од фосилните горива станува задолжителна ширум ЕУ, но и во Западен Балкан.

„Ние играме централна улога во градењето на побезбедна, посигурна, позелена енергетска иднина за оваа земја. ЕУ веќе помага во изградбата на инфраструктура за транспорт на гас како преодно гориво, како што е интерконекторот со Грција и поврзувањето со Косово и Србија. Унијата инвестира во електричната мрежа за да обезбеди размена на електрична енергија со Албанија и Бугарија. ЕУ помага за пренамена на енергетските централи во Осломеј и Битола од јаглен во обновливи извори“, рече Гир.

Тој посочи дека се надградуваат и постоечките капацитети на Македонија за ветерна и хидроенергија, а ЕУ дава поддршка и на приватните инвеститори како оние кои се вклучени во ветерниците во „Богословец“.

Исто така, помагаат во ревизијата на законодавството што треба да донесе почиста и подостапна енергија за домаќинствата, компаниите, училиштата и болниците.

„Помагаме затоа што сме зависни едни од други и затоа што сакаме оваа земја да стане дел од ЕУ, затоа што сакаме да и помогнеме да се подготви за членството во ЕУ. Патот кон ЕУ е еден од реформите. Спроведувањето на тие реформи бара единство и посветеност. Целта на членството е реална и остварлива“, додаде Гир.

Тој информираше дека благодарение на регулативите на ЕУ, во првите 10 до 15 години по пристапувањето Малта, Бугарија, Словенија, Хрватска, Романија забележаа нагло намалување на емисијата на сулфур диоксид во опсег од 85 проценти до 99 проценти

Благодарение на ова, како што посочи, градовите и селата низ ЕУ се побезбедни и поздрави за оние кои живеат таму.

„Благодарение на пристапот до Структурните фондови, Бугарија, во првите години по пристапувањето спроведе еколошки проекти во вредност од речиси 2 милијарди евра. Благодарение на оваа поддршка, земјава успеа да реши дел од своите најсериозни еколошки предизвици. Благодарение на Кохезиониот фонд на ЕУ, Полска, за десет години по пристапувањето го зголеми својот БДП за 49 отсто. Во иднина, сакаме Северна Македонија да биде уште еден позитивен пример за придобивките од проширувањето“, додаде Гир.

Германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер во своето обраќање вечерва на трибината посочи дека во овој момент, очите на светот се вперени во Дубаи, бидејќи таму шефовите на држави и влади, министерките и министри на светската климатска конференција се борат за иднината на нашата планета, поточно за постепено откажување од фосилните горива.

Таа е децидна дека борбата против климатските промени е приоритет на германската надворешна политика.

За таа цел, како што рече, Сојузната влада пред неколку дена донесе сопствена стратегија за климатска надворешна политика, за првпат во историјата на Сојузната Република.

„Потребна ни е јасна корекција на курсот за да го запреме глобалното затоплување на 1,5 степени, а за да го направиме тоа мора да ја одвоиме енергетската ефикасност од 2030 година и тројно да го зголемиме проиизводството на енергија од обновливи извори, додаде Дрекслер.

Кампањата „Ние сме Европа“ чиј предводник е вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, се реализираше во осум градови низ државата, а темата вчера во Куманово беше членството во ЕУ од аспект на енергетиката.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)

актуелно ЕУ придобивски реформи ричард гир членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.