Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ГЛОБАЛНА ЗАКАНА: Смртоносна габа се шири низ болниците со алармантна брзина
Во Фокусот

ГЛОБАЛНА ЗАКАНА: Смртоносна габа се шири низ болниците со алармантна брзина

март 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Смртоносните и многу отпорни габи се шират со „алармантна“ брзина во болниците за долготрајна нега во Америка и другите установи за нега на тешко болни, пишува Вашингтон пост.

Во периодот од 2019 до 2021 година, тројно се зголемил бројот на габични инфекции кои потекнуваат од видот квасец со име Candida auris.

Според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во 2019 година имало 476 инфекции, а во 2021 година – 1.471. Бројот на заразени лица кои биле носители на габата се зголемил речиси за четири пати во истиот период – од 1.077 на 4.040.

Прелиминарните податоците покажуваат дека бројот на заразени продолжил да расте.

Научниците веруваат дека овие габи не се закана за здрави луѓе со силен имунитет.

Меѓутоа, тие се голема опасност за здравствено кревките – корисници на домови за стари и изнемоштени лица кои дишат со помош на вентилатори и болни од рак кои примаат хемотерапија.

Се проценува дека умираат меѓу 30 и 70 хоспитализирани пациенти кои се инфицирале со Candida auris.

Експертите од ЦДЦ велат дека зголемувањето на бројот на заразени значи дека кон спречување на ширењето на габичната инфекција треба да се пристапи сериозно и сеопфатно.

Candida auris останува на различни површини и се шири преку контакт со пациенти и контаминирани предмети.

„Ако габата влезе во болница, многу е тешко да се контролира и да се извлече од таму“, рече Вилијам Шафнер, професор по медицина на Одделот за заразни болести во Универзитетскиот болнички центар Вандербилт.

„Таа е отпорна, скриена и може да одолее на напорите да се контролира и истреби“, додаде професорот Шафнер.

Меган Лајман, вработена во ЦДЦ и автор на научна статија за ширењето на Candida auris, вели дека темелното чистење на болниците претставува голем предизвик поради отпорноста на габата.

Некои средства за дезинфекција кои вообичаено се користат за чистење на болниците не можат да направат ништо против овие габи.

Пандемијата на коронавирус SARS-CoV-2 ги направи овие предизвици уште потешки.

Candida auris во Америка првпат беше забележана во 2016 година и се смета за глобална закана бидејќи е отпорна на различни видови лекови против габи.

Отпорноста на ехинокандин, обично првиот лек што се користи за напад на Candida auris, е доста редок во САД, но истражувачите се загрижени дека постојат видови на габи кои се отпорни и на него.

„Се развиваат некои лекови, што ни дава надеж“, рече Лајман.

Candida auris беше откриена во повеќе од половина од сојузните држави на САД, а во 17, помеѓу 2019 и 2021 година, се појави за прв пат.

Повеќето случаи на инфекција се забележани во болниците за долготрајна болничка нега.

Бидејќи процедурите за откривање не се спроведуваат подеднакво во сите сојузни држави, веројатно има повеќе заразени луѓе.

Candida auris може да предизвика смртоносни инфекции во крвотокот, срцето и мозокот.

ЦДЦ не води евиденција за тоа колку луѓе убила бидејќи е тешко да се каже дали некое лице починало од инфекција или сериозна болест што веќе ја имало.

Откако пред десет или повеќе години за првпат се појави во Индија, јужна Африка и Јужна Америка, научниците никако не можат да ја дешифрираат.

Габите често не можат да ја издржат температурата на човечкото тело, но една од водечките теории вели дека Candida auris може.

„Климатските промени или глобалното затоплување може да придонесат за ширење на болеста, бидејќи нивните причинители прават габите да еволуираат“, вели Артуро Касадевал, микробиолог од Факултетот за јавно здравје „Џон Хопкинс Блумберг“ кој ја проучувал Candida auris.

Експертите велат дека ТВ серијата на (HBO), „The Last of Us“, им помогнала на луѓето да разберат колку се опасни габите и како глобалното затоплување може да доведе до нивна еволуција.

И покрај тоа што Candida auris е потенцијално смртоносна, од ЦДЦ велат дека нејзиното ширење може да се запре со зголемен надзор, хигиена и длабоко чистење со соодветни средства за дезинфекција.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ДПА / Николас Армер)

актуелно Америка болница габа зараза инфекција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.