Македонската берза денеска ја организира 19-та годишна конференција која се одржува во Охрид.
Учесниците на конференцијата имаат можност да дебатираат на голем број теми, а во рамки на конференцијата покрај дебатата ќе биде доделена и наградата „кристално ѕвоно” за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2017 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2017 година.
На самиот почеток за време на панел-интервјуто на 19.годишна конференција на македонска берза министерот за финансии Драган Тевдовски, на компаниите што котираат на берзата и порача дека и следната година акционерските друштва нема да плаќаат данок на капитална добивка.







