Поради пожар, којшто поради силниот ветер не може да се стави под контрола, денеска е наредена евакуација на жителите северно од Сан Франциско, во округот Сонома.
Државната противпожарна служба соопшти дека пожарот во близина на Гејзервил зафатил 4.000 хектари, пренесе АП.
Од канцеларијата на шерифот на округот Сонома наведуваат дека е издадена наредба евакуација.
Националната метеоролошка служба соопшти дека ветриштата на највисоките подрачја на Сонома дуваат со брзина од 70 метри на час, а во други делови на регионот меѓу 30 и 50 метри на час.







