Во населбата Питве на подрачјето на Општина Јелса на Хвар денеска околу пладне избувна пожар, а бурата ја разгорува огнената стихија која се шири, соопштија од Доброволната противпожарна бригада Јелса.
„Во моментов должината на областа зафатена од пожарот е околу 500 метри, а ширината до 30 метри“ изјави за Хина шефот на противпожарната единица, Роман Радониќ.
Огнот, според неговите зборови, го шири ветрот, но станбените објекти, вели, не биле загрозени.
Пожарот го гаснат 30 пожарникари со девет противпожарни возила, а на помош им пришол и еден „канадер“.
„Правиме напори да го запреме пожарот, но тешко е да се процени како ќе се развива ситуацијата“, истакнува Радониќ.
Хвар е вториот централен далматински остров кој денеска е погоден од пожар. Еден час претходно пожар избувна во Пучишче, на соседниот остров Брач.
(Фото: Илустрација)







