Во локален воз во Окланд, десетина тинејџери ги нападнале и ограбиле патниците.
Како што навеле очевидците и како што се видело на снимките од безбедносните камери, меѓу 40 и 60 млади момчиња ја прескокнале наплатната рампа на станицата Колосеум во Окланд во заливската област на Сан Франциско, пренесува АП.
Тие влегле во возот кој запрел на станицата и им ги одзеле торбите и телефоните од патниците, а потоа побегнале пред да стаса полицијата да интервенира, изјави портпаролот на локалната сообраќајна служба во заливската област на Сан Франциско, Алиша Трост.
Две лица претрпеле полесни повреди во пределот на лицето и прижена им е лекарска помош.
Властите ги прегледуваат снимките од безбедносните камери во обид да ги идентификуваат напаѓачите.
Во локалниот превоз се случиле низ грабежи што ги навело надлежните служби во последниве недели да ангажираат полициски единици. Тие ги следат местата на напади како би ја зголемиле присутноста на полицијата на тие станици.
„Поголеми групи луѓе влегувале во локалните возови, одземале телефони и бегале. Но, грабеж во кој учествувале 40 до 60 лица е многу редок случај“, вели Трост и додава дека немало пријава за користење на оружје при нападот.







