Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за краткорочните мерки за намалување на загадувањето на воздухот на подрачјето на градот.
Мерките се однесуваат на забраната за движење на возила до Средно Водно и за бесплатниот јавен превоз во деновите кога е надминат прагот на загадувачите во воздухот. Забраната за возила до Средно Водно, според најавите, треба да се воведе од претстојниот викенд.
Бесплатниот јавен превоз ќе се воведува во деновите кога се надминати праговите на алармирање на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух на подрачјето на Град Скопје.







