Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Граѓанско помирување и благосостојба за државата посака Пендаровски за 2020 година
Македонија

Граѓанско помирување и благосостојба за државата посака Пендаровски за 2020 година

декември 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски ги честита новогодишните празници посакувајќи мир и спокој во државата како заедничко семејство на сите граѓани преку помирување, како и благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности.

Апелира на заеднички ангажман за справување со загадувањето, двојно
повеќе работа за да се создадат услови младите да останат во државата, а сите да имаат меѓусебна почит без поделби.

„Во пресрет на новогодишните и божиќни празници традиционално посакуваме мир и благосостојба во нашиот дом и здравје, среќа и почит во семејството. Сите ние сме едно големо семејство кое има еден заеднички дом – тоа е нашата заедничка држава. Посакувам, во 2020-та, во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба“, вели Пендаровски во новогодишната честитка.

Шефот на државата истакнува дека како што членството во НАТО е гарант за стабилноста, така преговорите за членство во Европската Унија ќе бидат поттик за суштински реформи.

Поседуваме доволно домашен потенцијал во битни историски моменти да се обединиме за битни прашања.

„А, нема поважно прашање од нашата европска иднина“, порачува Пендаровски.

На сите им посакува да имаат здравје, укажувајќи да не заборавиме дека нашето лично здравје најмногу зависи од здравјето на нашата животна средина, од воздухот што го дишеме, од водата што ја пиеме.

Последиците од загадувањето ги чувствуваме сите, независно од нашата етничка, верска, идеолошка, социјална или генерациска припадност.

„И токму затоа треба да ги оставиме разликите на страна и заедно да го
решаваме овој голем проблем“, истакнува претседателот.

Посакува и да имаме повеќе почит – кон родителите, кон семејството, пријателите, но, и почит кон комшијата, кон сограѓаните, кон земјата.

Верувам, наведува Пендаровски, дека нема човек што се родил тука, а да не ја сака својата земја.

Но, поради многу причини, дел оправдани, дел неоправдани, државата не секогаш враќа онолку колку што добива од своите граѓани и толку колку што тие заслужуваат.

И затоа се помалку луѓе сакаат да останат овде.

Ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, сите ние, одговорните политичари, мораме да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество.

Општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден и прифатен со своето вродено човеково достоинство, истакнува претседателот на државата.

Тој им порачува на граѓаните дека сите се подеднакво важни за земјата.

„Родители и деца, наставници и ученици, работници и пензионери, земјоделци и новинари, доктори и сестри, уметници, спортисти, граѓански активисти, војници и полицајци… Сите вие, сите ние, сме дел од истото семејство. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме, бидејќи само така нашите желби за подобар живот ќе станат реалност. Само така се гради заеднички дом на среќни и сложни луѓе, кои со надеж ќе ја гледаат својата иднина тука, во својата татковина. Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година!“, вели Пендаровски во новогодишната честитка.

актуелно благосостојба граѓанско помирување пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.