Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грковска: Податоците им припаѓаат на граѓаните, носителите на функции да обезбедат целосна транспарентност на институциите
Македонија

Грковска: Податоците им припаѓаат на граѓаните, носителите на функции да обезбедат целосна транспарентност на институциите

септември 11, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Податоците и информациите што ги продуцираат институциите им припаѓаат на граѓаните, јавната администрација е сервис на граѓаните кој е неопходно да биде целосно транспарентен, а истовремено носителите на функциите и институциите да бидат свесни и одговорни за потребата од транспарентност и отчетност пред граѓаните“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата (2023-2026), која што е подготвена во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

На овој документ работеше Работна група која ја сочинуваат клучни чинители во општеството, претставници на граѓанскиот сектор, претставници на медиумите, како и претставници од надлежните институции.

„Транспарентноста и проактивното објавување информации треба да се столб на секојдневното работење на државните институции. Во таа насока се и дел од процесите на дигитална трансформација на општеството, кои треба да обезбедат целосно отворање на институциите за граѓаните. Изминатиов период воспоставени се низа механизми, кои обезбедуваат проактивна транспарентноста, а еден од нив е и Упатството за подобрување на транспаретноста на институциите, што на предлог на мојот Кабинет го усвои Владата, а со кое институциите се задолжуваат на своите веб страници да објавуваат значително поголем број на податоци“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Со Стратегијата што денеска ја презентираме, додаде таа, се дефинираат потребните процедури и стандарди за транспарентност и отчетност, кренати на ниво што ќе обезбеди соодветна одговорност на сите јавни службеници и функционери пред граѓаните.

„Стратегијата ги насочува сите министерства и органите во состав, самостојните органи на државната управа, самостојните државни органи и управните организации што одговараат пред Владата, јавните претпријатија основани од Владата и акционерските друштва во државна сопственост да ја сфатат и да ја прифатат транспарентноста како начин на работење. Тие имаат обврска да бидат што е можно поотворени во своето секојдневно работење, да ги споделуваат сите информации со граѓаните без да биде искористено правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер“, информираше Грковска.

Таа потенцираше дека целосната транспарентност е процес кој не може да се постигне преку ноќ и за кој, пред се, е неопходна промена на свеста во општеството, за што придонес мора да дадат сите чинители во општеството. Придонесот што ќе произлезе од денешната јавна расправа, нагласи вицепремиерката Грковска, за Работната група која работи на текстот на Стратегијата за транспарентност на Владата ќе биде значаен патоказ за дополнително подобрување на документот.

актуелно граѓани грковска податоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.