Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: Луѓе од партијата направија предавство на партиските интереси
Македонија

Груевски: Луѓе од партијата направија предавство на партиските интереси

декември 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ чија неотповиклива оставка денеска беше потврдена на вториот ден од 16. Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Валандово, како една од причините за изборниот пораз на локалните избори ја наведе нелојалноста, односно, како што рече, предавството на луѓе од партијата.

„И во моите средби со кандидатите за градоначалници по изборите и оние кои победија и оние кои загубија, и во моите средби со претседателите на ОК и на средбата со група ветерани на партијата, и во писмените материјали кои пристигаа од цела Македонија за целите на оваа анализа провејуваше, да не речам, доминираше зборот предавство. Чувството и информациите од сите страни беше дека после долг временски период голем број наши функционери на различни нивоа од различни мотиви и цели извршија класично предавство на партијата и тоа има значаен удел во крајниот резултат, рече Груевски, зборувајќи за наодите по Извештајот на Работната група за анализа на изборите што пред два дена го усвои Централниот комитет.

Груевски додаде дека причините поради кои некои претседатели или членови на месни комитети, на општински комитети, сегашни државни или партиски функционери, активисти со задача набљудувачи за ова, како што рече, предавство на партиските интереси, се различни.

„Некои тоа го направија заради влошени односи со кандидатите за градоначалници и сакајќи ним да им наштетат сите и наштетија на партијата, некои затоа што не биле избрани за кандидати на листи или за градоначалник, некои заради остварување на некој личен интерес од новата власт, некои заради пари и поткуп, некои заради страв да не бидат казнети или избркани од работа…, но крајниот исход е предавство на партијата од голем број поединци на значајни позиции, рече тој.

Точно се знае се, рече, за сите и секаде со име и презиме. Го прозва и политичкиот опонент СДСМ кој, според него, имал операција со кодно име „ВМРО“. Претставници на СДСМ, според него, со претходно добиени списоци потсетувале членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ  во три фази од јуни до октомври.

„Ваква провала се случува првпат во последните 15 години. Новиот претседател и новото раководство не смее да го игнорира ова. Ден порано треба да преземе енергични мерки за казни и отстранување на лицата кои постапиле несоодветно. Ако не го направи тоа, ќе се повтори истото на наредните избори и може пак да ги загубиме, рече Груевски.

Тој, исто така, побара повторно да се проверат сите факти и информации за, како што рече, некој да не настрада по грешка, но потоа побара да се делува без двоумење и одлучно.

Побара и замена на демотивираните и опуштени, со мотивирани членови на раководни партиски места.

Конгресот во првиот дел од работата го прогласи Груевски за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа гости од Фондацијата Конрад Аденауер, Меѓународниот републикански институт и Демократскиот национален институт.

актуелно вмро-дпмне груевски Комитет македонија функционери централен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.