Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски најави оставка на пратеничката функција, не се знае кога ќе ја поднесе
Политика

Груевски најави оставка на пратеничката функција, не се знае кога ќе ја поднесе

јуни 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој доби политички азил во Унгарија денеска преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук најави оставка на пратеничката функција, откако минатата недела Парламентот почна постапка за
одземање на неговиот мандат по шестмесечно отсуство.

Груевски наведува дека за оставката формално правно Парламентот ќе го извести во наредните денови и им се заблагодарува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, издржале на принципиелните позиции што се во согласност со Уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците.

Поранешниот премиер ја обвинува владејачката СДСМ за прогон и оти прави лажна пропаганда за него и за неговата партија ВМРОДПМНЕ.

Според Груевски, целта на власта легално да му го одземе мандатот е неостварлива.

Врз основа на член 57 од Деловникот за работа на Парламентот и членот 65 од Уставот пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието и може да ја образложи.

Во третиот став од членот 57 од Деловникот се наведува дека Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата.

Во статусот на Фејсбук, Груевски не објавува како ќе ја достави оставката до претседателот на Парламентот Талат Џафери имајќи предвид дека тој е во Будимпешта.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека од 10 јуни треба да се одржи нова седница на која по одлуката на Комисијата за мандатноимунитетни прашања треба да се гласа со двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски.

За оваа одлука на Комисијата гласаа петмина пратеници од владејачките партии додека нивните колеги од матичната партија на Груевски ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија воопшто.

Беа на ставот дека не може да му се одземе мандат на пратеник кој во земја членка на ЕУ добил политички азил поради прогон.

груевски Оставка пратеничка функција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.