Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: Новата ера – нова визија за Македонија
Македонија

Груевски: Новата ера – нова визија за Македонија

октомври 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Кисела Вода порача дека наскоро ќе почне новата ера и новата визија за Македонија.

„Новата ера почнува. Нова ера, ново утро, нова визија за Македонија. Нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под десет проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти, рече Груевски.

Тој најави оти новата ера значи и многу повеќе вложувања во екологијата, животната средина, но ќе значи и многу нови капацитети во енергетиката.

„На 15 октомври моќта е во рацете на народот со пенкалото во рака. Демократијата им дава шанса на 15 октомври, потоа и на 29 доколку некаде има втор круг да излезат и да одговорат за целото ова помрачување, вели Груевски.

„Во 2006 година, Кисела Вода имаше вработени вкупно 7.420 луѓе. Денес во Кисела Вода има 15.200 вработени, тоа се 8.000 нови работни места. Тоа е реализација. Нас не ни треба слоган „Зборот е збор“, затоа што делата говорат за нас, реализираното говори за нас, рече Груевски.

„Демонстрацијата на сила е очигледна секој ден. Кривични пријави во првите десет дена на над десет кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е инструмент на политичка борба на СДСМ, покажува какво кршење на демокртатијата носат тие. Во Македонија првпат имаме убиство на кандидат во кампања. Еден од кандидатите во Кичево, денеска подлегна повредите од испуканите куршуми, почина. Првпат имаме скршен череп на актуелен и кандидат за градоначалник. Имаме однесување кон кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со вперување на пиштоли во глава, имаме насилничко однесување од МВР кое се превори во партиска испостава – рече Груевски.

Според него, постои целосно кршење на демократијата и оти се кршат изборните правила со демонстрација на сила и насилство.

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода Јохан Тарчуловски, им порача на сограѓаните да не го гледаат како политичар, туку како нивен пријател. Тој вети унапредување на локалниот економски развој, соработка со приватниот сектор, поддршка на малите и средни бизниси, а најави и финансиска поддршка за иновативни проекти на младите за да можат да започнат свој бизнис.

„Ќе воведеме регистар на компании и невработени лица на територијата на општина Кисела Вода. Ќе посредуваме за приоритетно вработување на жителите на општината во компаниите кои гравитираат на нашата територија – рече Тарчуловски.

Најави и реконструкција на поголемиот дел од воспитно-образовните институции по системот за енергетска ефикасност, доопремување на училиштата, изградба на две нови градинки опремени по европски стандарди, како и награди за најдобрите сто основци.

Во својата програма најави и проекти за инклузија на децата со посебни потреби преку опремување на специјализирани сензор соби кои ќе функционираат во рамките на двете градинки и ќе имаат за цел да ја олеснат комуникацијата и интеграцијата на оваа ранлива категорија на деца.

„Ќе воведеме бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства, рече Тарчуловски.

актуелно вмро-дпмне груевски Јохан Тарчуловски кисела вода македонија сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026

Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити

ноември 26, 2026

Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.