Вкупно 315 телефонски разговори и смс пораки се дел од доказите на СЈО во предметот за провизијата за автопатиштата Миладиновци – Скопје и Кичево – Охрид познат под името „Траекторија“.
Специјалната обвинителка Лиле Стефанова на денешното рочиштето рече дека обвинетите, експремиерот Никола Груевски и поранешните министри, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески не сакале да ги слушаат „бомбите“ кога биле повикани во Специјалното јавно обвинителство.
Рочиштето за случајот Траекторија се одложи. А во Кривичен почна ново рочиште за случајот насилство во општина Центар каде меѓу 12 -те обвинети е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.







