По неколкудневната потрага по Никола Груевски, експремиерот и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ за кого е распишана потерница за отслужување на двегодишна затворска казна објави Фејсбук статус во кој откри дека побарал политички азил во Унгарија.
Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.








