На прес-конференција Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека како никогаш досега во историјата на Република Македонија па и на цела Европа, не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници.
Стотина лица кои се дел од органите или подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или да се замолкне.
Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто.
Тоа што го зборувавме тоа и се случи.
Станува збор за политички, а не за правен процес.
„СЈО одамна ја изгуби непристрасноста и кредибилитетот со својата работа и стана инструмент за политички прогон.
„СЈО не е обвинителство. СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес, кој има политичка цел, е тоа што носи одлуки без никакви правни докази.
Процесот е политички, а не правен.
Таков политички процес треба да финишира со политичка, а не правна цел.
Целта е ВМРО. Целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни на оној кој го креираше овој процес.
Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО. Кршење на ВМРО за слабеење на Македонија.
Сакам да им порачам: Нема да успеат. Нема да не скршат. Ние остануваме на бедемот на државата.







