Три лица загинаа, а седум се повредени кога комбе со грчки регистерски таблички излета од патот и се преврте на северот на Грција, соопшти грчката полиција.
Возачот на комбето, за кого постојат сомневања дека е криумчар на луѓе, побегнал од местото на настанот, а полицијата почна потрага по него.
Загинатите и повредените се сириски државјани кои илегално ја минале турско-грчката граница и се упатиле кон Солун, пишуваат медиумите повикувајќи се извори од противпожарната служба.
Во време на несреќата, на автопатот меѓу Александрополи и Комотини имало силно невреме заради што најверојатно возачот ја загубил контролата над возилото и тоа излетало од коловозот и се превртело.







