Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грција енергетски ќе ја поддржи Македонија
Македонија

Грција енергетски ќе ја поддржи Македонија

септември 14, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преку конкретни договори за помош, Грција енергетски ќе ја поддржи Северна Македонија во справувањето со последиците од глобалната енергетска криза, нешто за кое вчера, детално разговараа премиерите на двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис одржаа тет-а-тет средба во премиерската палата, по што следеше и состанок на двете делегации.

Двајцата премиери се договориле преку Грција, Северна Македонија непречено да се снабдува со лигнит, јаглен и мазут, а во случај на било какво ограничување од извозот од Грција тоа не би се вовело за нас, а станало збор и за нова грчка инвестиција во Северна Македонија.

Паралелно, освен за енергетската, двајцата премиери разговарале и за европската поддршка на Северна Македонија.

На почетокот на средбата, во дијалогот пред камерите Мицотакис ја повтори грчката поддршка за нашата ЕУ перспектива, но и во однос на енергетската криза, а рече и дека е во интерес на двете земји да промовираат инвестиции.

-Би сакал да повторам дека Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие толку тешки времиња. И верувам дека е во взаемен интерес остварување на инвестиции на грчки компании во Северна Македонија со цел да ги поврземе нашите инфраструктури на таков начин што ќе доведе до зголемување на енергетските врски меѓу нашите земји, порача грчкиот премиер.

Ковачевски рече дека „многу сме подготвени за зимата, но особен интерес за нас имаат тесните врски со Грција, особено во однос на снабдување со материјали, производство на електрична енергија за да продолжат да работат во текот на зимата и на пролет“.

-Исто така, да продолжат успешните грчки инвестиции во Северна Македонија, особено во енергетскиот сектор. Знаете и нашиот народ знае дека веќе донесовме одлуката да учествуваме во проектот за терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи. Во исто време, во тек се студии за интерконекцијата со Грција, што ќе ѝ даде можност на мојата земја да ги диверзифицира своите извори на енергија. Дополнително, новите енергетски капацитети за покривање на идните потреби на Северна Македонија се поддржани во многу голема мера од грчки инвеститори. И како што гледаме сега, во фаза на подготовка се инвестиции во вредност од една милијарда во енергетскиот сектор, истакна премиерот Ковачевски на почетокот на средбата со неговиот грчки колега во Атина и додаде дека „како две соседни земји, можеме да бидеме пример за добрососедски односи, не само во регионот, туку и во цела Европа“.

По средбата на двете делегации не беше предвидена прес конференција, меѓутоа, Ковачевски во изјава за македонските медиуми кои ја следеа неговата еднодневна работна посета на Грција, откри детали од разговорите, објаснувајќи дека во фокусот биле две главни точки: првата: снабдувањето со лигнит, јаглен и мазут и втората: проекти и инвестиции во енергетската трансформација.

-Снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција ќе се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што ќе можат да бидат ставени во непречено функционирање производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.Втората тема на која постигнавме договор е непречено снабдување со мазут преку Грција како што и досега имавме снабдување со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“, со што ќе обезбеди снабдување на електрична енергија, исто така, и од овој капацитет, рече премиерот.

Истакна дека она што е важно е дека доколку се случи било какво ограничување од извозот од Грција, со Мицотакис се договориле дека такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.

Во однос на проектите со јужниот сосед, премиерот се осврна на изградбата на интерконекторот Евзони до Северна Македонија и веќе е отпочната процедура за маркет тест којашто треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција, а доколку се тече според планот, би требало изградбата да почне до крајот на годината.

-Втората најавена инвестиција од страна на грчки инвеститори е големата гасна централа со капацитет до 200 мегавати која што тие изразија желба да ја градат во Северна Македонија. Веќе се отпочнати анализи и штом ќе бидат завршени ќе може оваа голема инвестиција да биде претставена на Влада и во Собранието како стратешка инвестиција која ќе треба да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија за Република Северна Македонија, меѓутоа и за регионот, откри премиерот.

Разговарале и за проектот „Чебрен“ за кој веќе е отпочната по понудата од грчката компанија за електростопанство ППС.

Одговарајќи на новинарско прашање за струјата од Бугарија, премиерот потсети дека работните групи кои ќе треба во рамки на законодавствата на Бугарија, на Северна Македонија и Европската Унија да ја испитаат можноста за снабдување со базична енергија на Северна Македонија пред се за индустријата, веќе почнаа со работа и најави дека штом ќе има резултати ќе биде известена јавноста.

-Исто така разговаравме и за искористување на сите капацитети, така да и во тој дел нема да има проблем со оглед на тоа што сите координирано работиме, сите компании во електро- преносната мрежа и во Бугарија и во Грција и во Северна Македонија со цел најрационално да бидат искористени капацитетите, порача премиерот Ковачевски од Атина.

Ковачевски на 5 септември беше во работна посета на Софија каде со тамошниот технички премиер Галеб Донев договорија испорака на електрична енергија од Бугарија за државава. Работната група треба да подготви технички детали за договорот што ќе овозможи снабдување со 200 мегават-часа струја за потребите на државава од октомври годинава заклучно со март догодина.

Со одлука на Владата од 1-ви месецов е прогласена кризна состојба во енергетиката со која што се овозможува помош на домашните капацитети за зголемување на производството на струја, а вчера на владина седница се донесени предлог одлуки со кои ќе се овозможи продолжување на кризната состојба со топлинска и со електрична енергија до 30 април следната година.

За состојбата со енергетската криза пред една недела расправаше и Советот за безбедност (СБ) којшто одлучи да се подготват сите ресурси на државата за максимално производство на сопствена енергија.

 

актуелно Грција енергетеска македонија поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.