Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грција останува затворена за македонски државјани до 14 мај
Македонија

Грција останува затворена за македонски државјани до 14 мај

мај 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Одлуката на грчката Влада за времено затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година. Тоа значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани.

Се очекува за две седмици да бидат отворени копнените граници на Грција и да се укинат ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за Ковид-19 или со сертификат за вакцинација.

Засега, овие правила важат за 11 трети земји, како и за државјаните на земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, кои се исклучок од забраната за влез и се ослободени од задолжителниот карантин.

Во сила, и понатаму е новото правило воведено минатата седмица, според кое, задолжителниот ПЦР тест за влез во Грција важи и за деца кои наполниле пет години.

Границите на Грција за македонските државјани се затворени речиси 15 месеци, откако лани, за време на првиот карантин во март, беше воведена одлуката, а оттогаш континуирано се продолжува.

Првиот член од министерската одлука се однесува на копнените граници, патните и железничките, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на корона вирусот, освен ако лицата исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите за кои не важи забраната, дозволен е влез преку премините од Бугарија, Промахонас (Кулата) и Нимфеас (Маказа), со негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, но и доколку имаат негативен резултат од брзиот тест направен на самата граница.

На граничниот премин Евозни (Богородица) од Македонија, како и Какавиас од Албанија не постојат промени, односно ќе работат од 7 до 19 часот по локално време, и дозволен е влез само за одредени категории, со потврда за негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брз тест направен од грчките власти.

Дневно, дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица.

За транспортерите, Евзони е отворен од 7 до 23 часот по локално време, а исто како и за останатите патници за кои е дозволен влез, така и на возачите на камиони, предуслов за влез во државата е негативен резултат од рапид тестот направен на граничниот премин.

Забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини кои имаат потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција, за болничко сместување на лица кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на Европската унија и ЕУЛЕКС.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија“.

Исклучок, се државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Русија, Руанда, Сингапур, Израел и Србија.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски
работници.

Посебни регулативи има за државјаните на земјите членки на Унијата и Шенген зоната, на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија, Израел, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Тајланд, Руанда и Сингапур.

Тие се ослободени од задолжителниот карантин и дозволен им е влез или со негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или со потврда за вакцинација, под услов да се поминати 14 дена од ревакцинацијата.

За сите патници кои пристигнуваат во Грција, задолжително е пополнување на електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form).

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во телевизиската порака до граѓаните пред десет дена, кога соопшти олабавување на мерките најави дека на 15 мај „ќе биде отворен туризмот“.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно вакцинација вирус Грција карантин корона македонија тест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.