Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчката полиција ќе добива податоци за сите патници кои авионски патуваат од и кон Грција
Во Фокусот

Грчката полиција ќе добива податоци за сите патници кои авионски патуваат од и кон Грција

ноември 19, 2018Updated:ноември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Авиокомпаниите што летаат од и кон Грција, до грчката полиција ќе бидат обврзани да доставуваат листа со податоци за сите патниците за секој лет.

Ова го предвидува нацрт законот на Министерството за цивилна заштита на Грција, што утре ќе се разгледува на надлежната Комисија во грчкиот парламент, а е согласно со упатствата од ЕУ од 2016 година, а со цел превенција, откривање, пронаоѓање и гонење на терористи и криминалци.

Според нацрт законот ќе се формира Одделение за податоци за патниците односно посебен сектор во грчката полиција, што ќе биде надлежен за листите што ќе ги доставуваат авиокомпаниите.  Паралелно ќе постои регистрација на имињата на патниците, што всушност ќе биде патничко досие за секој патник, каде што ќе се внесуваат добиените податоци од компаниите. Во досието ќе бидат вклучени сите информации што стојат на располагање: име и презиме на патникот, адреса и контакт (телефонски број, е-маил), датум на резервација/издавање на билетот,  податоци за начинот на плаќање, број на билет, број на седиште, вид на патнички документ, земја и датум на издавање на патничкиот документ, крајна дестинација, информации за багаж и слично.

Авиокомпаниите ќе треба во период од 24 до 48 часа пред полетувањето да ги достават информациите за патниците, а доколку не го сторат тоа предвидени се санкции во вид на парична казна од 5.000 евра за лет, која што може со одлука на надлежното Министерство да се промени и да достигне и до 30.000 евра.

Одделение за податоци за патниците во грчката полиција, информациите добиени од авиокомпаниите и досиејата на патниците, во базата на податоци ќе ги чува во период од пет години од регистрацијата.

Европската полициска агенција Европол за извршување на должностите ќе може да бара податоци од грчката полиција, а ќе постои размена на информации, доколку биде потребно, и со други земји членки на ЕУ, но и со трети земји доколку се исполнети одредени предвидени критериуми.

Предлог законот што утре ќе го разгледува Комисијата за државна администрација, јавен ред и правда во грчкиот Парламент, од 14 23 март годинава беше поставен на интернет за јавна дебата.

авиокомпании Грција Европол ЕУ Комисија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.