Грчките граѓани, кои протестот го следеа преку телевизиските екрани, сметаат дека важните прашања од надворешната политика не треба да се соочуваат со фанатизам и нетолеранција, велат од кабинетот на грчкиот премиер во однос на вчерашниот собир во Атина.
Протестот собра илјадници граѓани, но не и милиони, како што „замислувале организаторите и Самарас и Мицотакис“ од Нова демократија, ги пренесува коментарите дописникот на МИА од Атина .
Грчката Влада нема намера да ја менува надворешната политика. Надворешната политика не се води со митинзи и владиниот план останува во сила, изјави претставник на Владата на Ципрас, веднаш по вчерашниот протест во Атина.







