Грчкото Обвинителество предложи екстрадиција на ексначалниците од Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски и Никола Бошковски.
Солунскиот обвинител на Советот на судии, му предложил екстрадиција на двајцата поранешни началници, кои по покренувањето на обвинение од страна на СЈО, се дадоа во бегство.
Двајцата беа фатени од страна на грчката полиција и притворени во Солун. Како што јавува Грчката новинска агенција, обвинетите не сакале да бидат вратени во Македонија, со образложение дека биле жртви на политички прогон и дека стравувале за своите животи.
Одлуката за екстрадицијата треба да бите соопштена на следното рочиште закажано за в петок.