Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Г.Г. Стефан: Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки, верниците да се молат од своите домови
Во Фокусот

Г.Г. Стефан: Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки, верниците да се молат од своите домови

април 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Празникот на Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење, истакнува во Велигденското обраќање Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Г.Г Стефан посочува дека поминуваме низ еден период кој од нас бара трпение, послушност и воздржување и оти појавата на заразната болест Ковид-19, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни.

– На нашите верници, и овде во Македонија и насекаде низ светот, им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нѐ избави од опасната болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста, истакнува меѓудругото г.г. Стефан во Велигденското обраќање.

Во продолжение го објавуваме во целост Велигденското обраќање на Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан: „Возљубени празникољупци, Велигден, денот на Христовото Воскресение, е празник на победата и празник на животот – и тоа вечниот живот, празник кој ни донесе радување, коешто никој не може да ни го одземе. На Велигден ја исповедаме тајната на Победителот – на Христа, Кој, преку Своето славно воскресение од мртвите, ја победи смртта и смртното го облече во бесмртно.

Радувајќи се на Празникот над празниците, повикани сме секогаш и пред секого да Го исповедаме Христа распнатиот, воскреснатиот и прославениот. Како вистински христољупци, должни сме да ја благовестиме победата над смртта, над гревот и омразата, над неправдата и страдањата, и да придонесуваме да завладеат праведноста, мирот и радоста во Светиот Дух.

Празникот на Христовото воскресение нè потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, Поминуваме низ еден период кој од нас бара трпение, послушност и воздржување. Појавата на заразната болест, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни.

На нашите верници, и овде во Македонија и насекаде низ светот, им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нѐ избави од опасната болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Црквата секогаш се моли за сите и за сè. Да се молиме на Бога, зашто само Бог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја. Воскреснатиот Господ е нашата надеж, па затоа да ја споделиме со сите радоста на Воскресението на вечниот Лечител, и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиски до Бога, толку и Бог ќе биде близу до нас!

Христос воскресе!“

Јавниот радиодифузен сервис МТВ ќе врши директен пренос од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ на полноќното објавување на Христовото воскресение и Велигденската литургија во недела, со која ќе началствува Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

актуелно Велигден воскресение господин стефан христово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор

ноември 26, 2026

Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ

ноември 26, 2026

Пет продолжени викенди во 2027 година

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.