Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека лидерите на Г-7 се обврзаа да поделат една милијарда дози вакцини против корона вирусот со сиромашните земји во текот на состанокот на клубот на богатите нации на југозападот на Англија.
Забрзувањето на глобалното заздравување од пандемијата е доминантно прашање на самитот, пренесе АП.
Џонсон изјави дека ветувањата на лидерите на Г-7 на самитот значат дека можеме да го вакцинираме светот до крајот на следната година и да се вратиме на подобро после корона вирусот.
Велика Британија не открива детали, но претседателот Џо Бајден рече дека САД ќе дадат 500 милиони дози вакцини „Фајзер“ (Бионтек) во текот на следната година, Џонсон дека Британија ќе даде 100 милиони дози, додека германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена да донира 30 милиони дози, до крајот на годината.
Нејасно е само како тие ќе се произведуваат и дистрибуираат.