САД ја повикаа Русија да престане со поставување пречки за мирот во Сирија и да биде „конструктивен партнер“ за да се заврши судирот кој трае седум години.
„Русија мора да биде конструктивен партнер во Сирија или ќе мора да сноси одговорност“, порача вршителот на должност американски државен секретар Џон Саливен на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7.
Шефовите на дипломатиите на седумте индустриски најразвиени земји во светот соопштија дека се отворени за дијалог со Москва, но и дека се едногласни во „противењето на злонамерното однесување на Русија“, соопшти Стејт департментот цитирајќи висок функционер на САД.







