Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Даниловски: Дали навистина ХАНТАВИРУСОТ ни е најголемиот јавноздравствен проблем?
Во Фокусот

Даниловски: Дали навистина ХАНТАВИРУСОТ ни е најголемиот јавноздравствен проблем?

мај 11, 2026Updated:мај 11, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
ФБ статус Драган Даниловски
ДАЛИ НАВИСТИНА ХАНТАВИРУСОТ НИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ?
Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв.
Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото.
Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“…
Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.
Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.
Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци. Чијшто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор.
По ковид-пандемијата, општеството остана психолошки преосетливо на теми поврзани со инфективни болести.
Доволни се неколку драматични формулации, неколку недоискажани инсинуации и една фотографија со лабораториски амбиент, за кај дел од населението повторно да се активира чувството дека „нешто се подготвува“.
Во таков контекст, јавната комуникација на медицинската фела повеќе не е приватна работа – лаф-муабет во кафуле.
Социјалните мрежи (веќе) се масовен медиум.
А алгоритмите наградуваат страв.
Хантавирусите, пак, не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија.
Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли и честички прашина контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари.
Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот.
Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет – New World Hantaviruses) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле.
Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини.
Вирусите во подгрупата на Новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%.
Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%.
Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром.
Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“).
Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек!
Многу важно! Тој вирус не циркулира кај нас. Ниту постои ризик да „скокне“ од некој од заразените на крузерот.
Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата.
Истовремено, постојат реални причини за внимателност.
Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови?
Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.
„Мијазма“ на 21 век!
Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.
Токму затоа, прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон:
– дератизација;
– дезинфекција;
– санитарен надзор;
– урбана хигиена;
– контрола на дивите депонии.
Поради елементарна епидемиолошка логика.
Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв.
На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција.
Не ни треба нова паника.
актуелно драган даниловски хантавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.