Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дац: Имав испиено една чашка алкохол
Култура

Дац: Имав испиено една чашка алкохол

јануари 31, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Актерот Драган Спасов Дац преку својот профил на „Фејсбук“ со писмо се обрати до јавноста по повод неговата оставка од директорската позицијата во Македонскиот народен театар, откако синоќа со својот автомобил удри и повреди девојка.

„По повод синоќешниот сообраќаен инцидент во кој бев учесник, инцидент кој што со молскавична брзина предизвика безброј малициозни наслови и коментари кои одекнаа во јавноста и социјалните мрежи, чувствувам потреба да се обратам до нашата јавност со вистинското објаснување за настанот. Вчера вечер враќајки се со мојот автомобил кон дома, кај ресторанот “Шампионче”, се случи сообраќаен инцидент во кој учество имав јас и девојка на возраст од дваесетина години. Факт е дека среќата беше на наша страна (на девојката и моја), при што девојката беше апсолутно неповредена.

Сочекавме увидна екипа на МВР на место на настанот а потоа девојката, јас и мојата сопруга, заминавме заедно до првата здравствена установа на превентивен преглед (за секој случај ) каде е утврдено дека девојката е неповредена. За нејзиниот претрпен страв и стрес немам право да зборувам. Мојата претпоставена вина е што неколку минути пред настанот имав испиено една чашка алкохол, поради што , при алко тестот на лице место, мојот наод беше позитивен.

Сакам да ја известам јавноста дека поради настанот длабоко жалам и воедно искрено и се извинувам на девојката и на нејзиното семејството (името на девојката од нормални причини го изоставувам) за претрпениот страв и стрес и дека во име на чувството на лична одговорност како човек и јавен службеник во нашата земја, свесен за личната вина, давам неотповиклива оставка на функцијата В.Д. Директор на МНТ.

Оставката е последица на личен чин, како израз на моето морално кредо и ништо повеќе или помалку од тоа. Моето учество во протестите против погубното владеење на претходната Влада најнапред во непочитувањето на уставот и законите, во крајна линија трајното нарушување на јавнот морален дискурс – не беа без причина.

Јас се борев против оние за кои не важеа никави правила. Со мојот своеволен избор и следствено оставка, сакам да истакнам дека сум поинаков од оние против кои се борев. Чувствувам немерлив срам, вина и одговорност. “Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите” вели Орвел. Јас како јавна личност и носител на јавна функција имам немерливо поголема одговорност во секаков смисол од одговорноста на обичниот граѓанин. Од таму и мојата оставка и каење за настанот.

И натаму останувам посветен во мојата мисија во градењето на праведно општество со што создавањето или одржувањето на моралната вертикала мора да стане постојан процес . Се гледаме на “штиците кои живот значат”. “, стои во реакцијата што ја објави Дац.

актуелно владан арм директор МНТ орвел страв Стрес фејсбук
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.