Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Да не се патува во Италија, сериозна е состојбата со коронавирусот
Во Фокусот

Да не се патува во Италија, сериозна е состојбата со коронавирусот

март 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Да не се патува воопшто во Северна Италија заради сериозноста со коронавирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава, а при влез на граничните премини да се кажуваат точни податоци. Лицата кои се вратиле од странство ако се развијат симптоми да не одат на матичен лекар туку да се обратат кај епидемиолозите, а сите да ги почитуваат препораките за одржување лична хигиена.

Покрај овие последни препораки од домашните институции, од Министерството за здравство денеска ќе информираат за евентуални нови мерки за превенција и заштита од натамошно ширење на коронавирусот по состанокот што треба да го одржи Комисијата за заразни болести и Комитетот за следење и информирање за состојбата со Ковид 19, а согласно новата состојба и мерките што ги презеде италијанската Влада со оглед на сериозноста со ширењето на заразата.

Со вкупен број заразени лица кој се зголеми на 7.375, Италија стана втора земја во светот по бројот на починати и заразени од вирусот. Вкупно починаа 366 лица.

Со оглед на таквата состојба, Министерството за надворешни работи синоќа упати препорака да не се патува во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. На нашите граѓани кои веќе се во Италија, МНР им препорача зголемени мерки на претпазливост во секое време, да ги следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Генералниот конзулат на нашата држава во Венеција во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации, а го одложи фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.

Поради затворањето на северниот дел на Италија и со цел да се спречи ширењето на коронавирусот авиокомпанијата Визер од вчера ги суспендираше летовите од Скопје и Охрид за Милано, Тревизо и Бергамо.

Тие рути нема да ги опслужува до 3 април. Патниците кои направиле резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Според последните информации од Министерството за здравство, стабилна е здравствената состојба на тројцата наши државјани заразени со коронавирус, по престој во Италија. Двајцата сопружници од Ценатр Жупа заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани од петокот на Клиниката за инфективни болести во Скопје и фебрилни состојби се со стабилна здравствена состојба, исто како и првата заболена пацинетка кај која последниот контролен тест беше негативен, но во текот на денов ќе и биде направен уште еден за да се потврди резулатот.

Поради контакти со заразените сопружници во домашна изолација и под здравствен надзор во земјава засега се наоѓаат околу 40-тина лица. Утре истекува периодот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-тиот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај.

Здравствените власти апелираат сите да кажуваат точни податоци на граничните премини, со оглед дека веќе има жаришта не само во Северна Италија и расте бројот на заразени во цела Европа,Германија, Шпанија, Франција… Патниците кои се вратиле од странство ако имаат одредени симптоми да не се јавуваат на матичен лекар, туку кај епидемиолозите.

Остануваат препораките за спроведување лична хигиена.

Како резултат на зголемениот број на заразени со Ковид 19 во Европа, Владата минатата недела ја продолжи препораката за неодржување јавни собири и за спортски натпревари без публика и таа е во сила до 13 март.

Како што соопшти викендот ресорниот министер Венко Филипче, целосно е подготвен и објектот за изолација во Демир Капија, како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и во Гостивар.

актуелно италија корона вирус патување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.