Во американската база Рајт Петерсон во Дејтон, пред 24 години беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во БиХ и неговите 12 анекси, со што се стави крај на војната и воспоставување на уставниот правен поредок.
Договорот создаде државна заедница на БиХ составена од два ентитета, Република Српска и Федерацијата на БиХ, што се потписнички на сите анекси.
По три недели преговори, Дејтонскиот договор беше парафиран од тогашниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, на Република БиХ Алија Изетбеговиќ и на Хрватска Фрањо Туѓман.
Договорот беше парафиран во присуство на тогашниот државен секретар Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.
Дејтонскиот договор беше официјално потпишан на 14 декември 1995 година во Париз.
Денот на воспоставување на Општиот рамковен договор за мир во БиХ – 21 ноември е национален празник и неработен ден во Република Српска.
ИЗВОР: МИА