Две лица се потешко, а 14 полесно повредени во вкупно 16 сообраќајни несеќи што се случиле во Скопје во изминатово деноноќие.
Сообраќајната полиција санкционирала девет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, а девет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 58 непрописно паркирани возила.
Со специјално возило „пајак“ отстранети се вкупно 60 возила.







