На 17 ноември 2014 година во Скопје студентите го одржаа големиот протест организиран од „Студентски пленум“.
Неколку илјади студенти револтирани поради одлуката на Министерството за образование да се воведе екстерно тестирање на факултетите, таканаречен државен испит, тргнаа од пред платото на Универзитетот „Свети кирил и
Методиј“ и продефилираа низ улиците на главниот град.
Со паролите „Не за екстерно“ и „Доста беше молк“, студентите од УКИМ го завршија маршот пред Министерството за образование и наука.
Во декември, на десетти, неполн месец од првиот, откако Министерството за образование и наука не сакаше да ги слушне нивните барања, студентите организираа втор протест. Тогаш над 10 илјади граѓани им дадоа поддршка на студентите.