Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дезир: Стабилно финансирање и независна уредувачка политика на јавниот радиодифузер
Македонија

Дезир: Стабилно финансирање и независна уредувачка политика на јавниот радиодифузер

ноември 14, 2017Updated:ноември 14, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ОБСЕ ја поздравува одлуката на Владата да стави крај на механизмот на претходната влада преку кој се трошеа пари за реклами во приватните медиуми. Според ОБСЕ, Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и да бара начин на поддршка на приватните медиумски куќи, особено на печатените медиуми.

Ова го истакна претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Харлем Дезир по средбата со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој потенцира дека новиот закон ќе ги потисне субвенциите со кои порано медиумските куќи се ставаа под контрола и ќе овозможи слободно работење и на регулаторната агенција за да се овозможи слободно поле на работа на медиумите.

„Имаше многу силен комерцијален механизам преку кој  многу големи средства се трошеа на реклами кај одредени медиуми. Фактички тоа беше ставање притисок на медиумите затоа што на тој начин нивните ресурси зависеа од таквиот однос. Тоа се ресурси кои не се стабилни и зависат од месец на месец од тоа како ќе одлучат да ја тераат рекламната кампања институциите на државата. Тоа доведе да имаме медиуми кои не би преживеале без тоа, со што всушност дојде до посилна контрола од владата врз медиумите. Мислам дека беше многу мудра одлуката да се стави крај на тој механизам. Владата треба да го финансира јавниот радиодифузер и треба да бара други начини на поддршка на приватните медиумски куќи и таквата одлука на Владата треба да ја пофалиме, истакна Дезир.

Тој посочи дека меѓу сугестиите од ОБСЕ, кои се прифатени во нацрт верзијата на Законот и објавени на ЕНЕР за коментари, се дека треба да се обезбеди стабилност и финансирање на јавниот радиодифузер и квалитет и професионализам на јавниот радиодифузер на четирите канали и работата на повеќе јазици.

„Многу е важно  да се погрижиме дека јавниот радиодифузер ќе ја задржи својата незавиност и ќе ја задржи независноста на уредничката политика и на новинарите, посочи Дезир.

Според него, важно прашање е и безбедноста на новинарите пред органите на власта.

„Особено кога работат на истражувачки стории и корупција и особено што во минатото имало примери кога биле ставани во затвор. Треба да се погрижиме дека тој што ќе го направи тоа нема да помине неказнето, рече претставникот на ОБСЕ.

Министерот за информатичко општество и админситрација Дамјан Манчевски смета дека треба да се креира закон што ќе биде резултат на широка јавна дискусија во кој ќе бидат вклучени новинарските здруженија, медиумите, организациите на граѓанското општество и други.

Дезир престојува во дводневна посета на Македонија, а покрај со министерот Манчевски ќе се сретне и со невладиниот сектор, премиерот Зоран Заев, минисерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе има средби во Собранието, во Владата, со претставници од јавниот радиодифузер, новинската агенција МИА,…

По завршување на времето за коментари на ЕНЕР повторно предлог-законот ќе биде испратен до ОБСЕ од каде ќе се добијат завршни коментари и потоа јавно ќе биде претставена.

Владата и МИОА треба да креираат закон што ќе биде резултат на широка јавна дискусија во кој ќе бидат вклучени новинарските здруженија, медиумите, организациите на граѓанското општество и други.

„Во сензитивна област како што се медиумите, Владата и Собранието се оние кои ги прават законските измени, но моторите на медиумските ртеформи мора да бидат самите медиумски работници, рече Манчевски.

Тој посочи текстот со интегрираните забелешки од ОБСЕ е објавен на ЕНЕР и дека ќе следи уште една јавна дебата на која засегнатите страни ќе може да го кажат  своето мислење.

„По завршување на времето за коментари на ЕНЕР повторно предлог-законот ќе биде испратен до ОБСЕ од каде ќе се добијат завршни коментари и потоа јавно ќе биде претставена, рече Манчевски и додаде дека за тоа кога ќе биде донесен зависи од процесот на консултации што се во тек.

актуелно Влада на РМ енер медиуми ОБСЕ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.