СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните, а притоа не отпочна ниту еден проект, а тие што ги отпочна ги блокира и стопира, вели Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалот да биде поголем владата не само што се задолжува, туку почна да ги топи и државните девизните резерви.
Имено расипничката и недомаќинска влада на СДС повлече 126 милиони евра од девизните резерви на Република Македонија.
Каде отидоа овие пари? За што? Нели министерот за финансии тврдеше дека се задолжува на домашен пазар за да ги отплаќа старите долгови, тогаш овие пари на што ги потрошил?
Ништо не се гради, се е стопирано. Се инвестира единствено во вработување и ангажирање на учесници од шарената „револуција“.
Освен овие 126 милиони евра кои СДС ги стопи, уште 101 милион евра беа земени како задолжување по основ на аукции на државни хартии од вредност.
Од СДС гледаме само правење долгови и трошење на девизни резерви.
Сите овие пари СДС најверојатно ќе ги искористи за сеење магла со цел да се покријат штетните и погрешни политики на владата на СДС како договорот со Бугарија, законското решение за јазиците, Акцискиот план за населување на мигранти, неможноста да се справат со пожарите, депониите, проблемот во земјоделието и мал милион други проблеми кои настанаа како резултат на нивната деструктивност и неспособност.
Очигледно својата неспособност СДС ќе ја покрива на најскапиот и најлош начин, со безмилосно трошење на парите на граѓаните.







