Скопје, 8 август 2019
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, денес во седиштето на Демократската Партија на Албанија во Тирана беше примен од лидерот на партијата, Лулзим Баша.
На оваа братска средба се разговараше за целокупната состојба на настаните на Балканот, како и за состојбата на Албанците во регионот, со посебен акцент на можностите за меѓу-албанска соработка, при што Гаши истакна дека од албанската десница очекува поголема посветеност во овие напори.
Од друга страна, домаќинот на средбата, Лулзим Баша, му се заблагодари на Гаши за посетата и изрази подготвеност за соработка за заедничките стратешки интереси на регионот, како и за севкупните албански интереси.
На средбата заедно со Гаши присуствуваа и потпретседателот на партијата, Д-р Лулзим Алиу и Генералниот Секретар, Скендер Реџепи.
Алтернатива







