Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дендиас: Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска
Македонија

Дендиас: Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска

декември 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Подобрување на методологијата на проширувањето и потребата да се задржи европската перспектива на земјите од регионот, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, биле во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата и на Северна Македонија и Албанија на денешниот работен појадок организиран од Грција.

Дендиас, по неформалниот состанок оцени дека работниот појадок поминал успешно, изрази верување дека во одреден степен нешто се постигнало и истакна дека на грчката иницијатива позитивно одговориле над 20 европски министри за надворешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

„Корисна прва можност, по Европскиот совет во октомври, да размениме мислења за тоа како можеме да одиме напред во следниот период. Беше доставено барање за подобрување на методологијата за проширувањето и за потребата да се задржи во фокусот европската перспектива на Северна Македонија и на Албанија, но и на останатите земји од регионот, секако секогаш во рамките на усогласеноста со европското законодавство.

Верувам дека во одредена мерка, нешто постигнавме денеска. Плодна и суштинска дискусија и еден чекор напред. Ќе продолжиме да работиме за да постои позитивна разврска, евентуално следниот март, кон посакуваната насока, рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија додаде дека Грција е најстарата земја членка на ЕУ од регионот, дека е фактор на стабилност и соработка и „ќе продолжи да презема јасни иницијативи во оваа насока“.

За време на работниот појадок, од грчкото МНР преку официјалниот „Твитер“ профил порачаа дека „Грција активно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан“, а Дендиас, исто така на „Твитер“, објавувајќи фотографии од разговорите, напиша дека Грција е протагонист во европската перспектива на регионот.

„На работниот појадок во Брисел со МНР на државите членки на ЕУ, Албанија и Северна Македонија. Грција протагонист во случувањата со иницијатива за европскиот тек на Западен Балкан, напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер“ профил.

актуелно дендиас појадок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.