Закони за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем, кои се спроведуваат согласно препораките на Рајнхард Прибе, меѓу кои е и системот за следење на комуникациите се на денешниот дневен ред на Собранието.
Законот за прислушување и новата Агенција што треба да се формира го поминаа првиот комисиски филтер, каде без опозиција и дискусии мнозинството гласаше за услојување.
Во пакетот има два закони, предлог-законот за формирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и Предлог-законот за следење на комуникациите, кој има драстични измени.
Новите предлог-закони предвидуваат зајакнување на контролата на механизмот на следењето комуникации.
Освен овие закони влегуваат и предлозите за измени на законот за електронски комуникации, извршување санкции, кривична постапка, како и класифицирани информации.







