Десетици илјади луѓе протестираа вчера во Амстердам, повикувајќи на поголема акција во борбата против климатските промени.
Организаторите соопштија дека 70.000 луѓе дошле на протестот.
Според нив, тоа е најголемиот протест за климата во историјата на Холандија.
Меѓу учесниците била и активистката Грета Тунберг, која им се обратила на насобраните луѓе.
(Фото: Пиксабеј)







