Најдобриот фудбалер на Јувентус, Пауло Дибала, се наоѓа на мета на Ливерпул за трансфер во овој преоден рок, пренесува италијанскиот „Тутомеркато“.
Како што се наведува, Ливерпул стапил во контакт со управата на Јувентус за евентуално преминување на Дибала во нивните редови затоа што се приведува кон крај трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во редовите на првакот на Италија.
Роналдо оди во Јувентус за цена меѓу 100 и 120 милиони евра, што е отприлика иста вредност за дваесет и четиригодишниот Аргентинец.
На „Енфилд“ веруваат дека би можеле да направат полн погодок како минатото лето кога, исто така од Апенинскиот полуостров, го доведоа Мохамед Салах од Рома.
Дибала минатата сезона даде 26 гола и седум пати асистираше, а често пати беше на удар на критики, после поразот од Реал Мадрид во Торино (3:0) кога доби црвен картон.
Пред доаѓањето во Јувентус во 2015 година играше за Палермо и за аргентинскиот Институт.







